Четириесет и осумгодишен кумановец со тешки повреди е пренесен на скопските клиники по сообраќајка која ноќва се случила кај м.в. „Чоче“ во Куманово.
– На 01.12.2025 година околу 00.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар “Октомвриска револуција” , “Иво Лола Рибар” и Ѓорче Петров” во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “поло” со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило “поло” со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48)од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во незгодата, како што додаваат од полицијата, со повреди се здобил возачот Д.К. и бил префрлен на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово.
Според информациите кои ги добивме утринава од терен, во сообраќајката целосно е уништена и дел од сообраќајната сигнализација, односно семафорите на крстосницата.
Никола Ивановски

