Најмалку 10 лица загинаа, а 61 се повредени кога воз се судри со автобус во регионот Атлакомулко во Мексико, соопштија локалните власти.
Канцеларијата на државниот обвинител објави дека загинале седум жени и тројца мажи, пренесува Ројтерс.
Несреќата се случила во понеделник кога товарен воз удрил и го преполовил двокатниот автобус, објави Паис.
Несреќата се случила кога возачот на автобусот се обидел да го премине железничкиот премин во индустриската зона Атлакомулко.
На местото на несреќата интервенирале членови на службите за итни случаи, Црвениот крст, полицијата и националната гарда.