– Во име на Кумановската група, апелирам до директорот на КИА (Косовска интелигентна агенција), Шпенд Маџунит, заменик-директорот на КИА, Латиф Меровци и в.д. на косовската полиција, Наим Реџа, барем да не ни наштетува преку ниски методи, како што е следење на нашите семејства, пријатели или познаници!, пишува Мухамед Анди Красниќи, познат како Командант Малишева на својот Фесјбук профил, а пренесува порталот Република.
– Полвечете ги наредбите за следење и прислушување, затоа што во спротивно, како што нашите семејства и нашите деца не спијат мирно, така и вашите семејства нема мирно да спијат во Косово. Таму каде државата ги оштетува своите граѓани, во израз доаѓа Канунот со свои закони!
– Ние, Кумановската група, сме дел од американскиот проект за спречување на руското влијание во Македонија. Значи, има кој да се занимава со нас и таму се оние кои не ценат! Искрено не си играјте со нашите чувства и со нашите семејства, во спротивно ниту вие и вашите семејства нема да имате мир во Косово!, порачува Малишева кој издржува затворска казана заради вооруженниот конфликт во кумановско Диво насеље.
Loading...