Осум луѓе загинаа во денешниот напад на Менхетен и тоа ви кукавички акт на теророт, изјави градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио.
Loading...
Очевидците ги опишуваат хаотичните сцени кога бел „пик-ап“ влетал и удрил во велосипедисти на стаза во близина на некогашната локација на Светскиот трговски центар, а потоа удрил и во училишен автобус.
Возачот потоа излегол мавтајќи што нешто за што се испоставило дека е имитација на пиштол.
Loading...
Комесарот на полицијата во Њујорк вели дека напаѓачот е 39-годишен маж, дека бил вооружен со „пејнт бол“ пиштол и лажен пиштол, а дека по излегување од возилото извикувал пораки кои упатуваат на тоа дека се работи за терористички чин.
Напаѓачот со крушум во стомакот го ранил униформиран полицаец. Терористот се наоѓа во болница, аполицијата се уште не сака да го соопшти неговиот идентитет.
https://twitter.com/Ak_Ashii/status/925452902965002240?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F2908224-strava-na-noc-vestica-njujork-u-strahu-staza-za-pesake-i-bicikliste-prekrivena-lesevima-i-krvlju-uznemirujuci-video
Де Бласио вели дека нападот бил посебен кукавички чин, затоа што е вперен кон недолжни цивили, пренесува АП.
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо вели дека е во прашање напад на осаменик и дека нема докази дека е дел од поширока завера.
Медиумите пренесуваат дека се повредени 15 лица.
Извори во полицијата и ФБИ велат дека случајот се третира како тероризам.
фото: Ројтерс/Танјуг
Loading...