ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЛОНДОН: Четири лица загинаа, дваесетина повредени (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Полицијата соопшти дека четири лица загинале во нападот пред Британскиот парламент и на Вестминстер мостот во центарот на Лондон.

Како пренесува „Гардија“, меѓу загинатите е и еден полицаец, но и напаѓачот. Претходно беше соопштено дека една жена пешак преминала од последиците здобиени во нападот.

 

Loading...

 

Полицијата, која инаку настаните ги третира како „терористички инцидент“ сметка дека во нападот учествувал еден напаѓач. Медиумите претходно објавила дека можеби постојат и двајца.

Најмалку 20 лица се повредени, меѓу кои и тројца француски ученици на возраст од 15 до 16 години, јавува францускиот лист „Ле Телеграм“.

Францускиот премиер Бернар Канзев, потврди на „Твитер“ дека се повредени учениците, пренесува „Ројтерс“.

 

 

Според сведочењата на неовите другари кои биле очевидци, тројцата ученици се повредени на Вестминер мостот кога на нив налетал автомобил кој учествувал во нападот.

Мотивите засега не се познати, а една жена била извлечена од водите на Тмеза по нападот, која се здобила со тешки повреди.

Непознатиот напаѓач со автомобил покоси десетина луѓе на мсотот, а потоа со нож избол двајца полицајци на влесот во Вестминерската палата.

 

Loading...

Од полицијата велат дека се води антитреористичка истрага и дека неизвесно е дали инцидентите се завршени, пренесе „Ројтерс“.

Инцидентите се случуваат на годишнината од терористичкиот напад во Брисел, а само неколку дена по официјална одлука за почеток на Брегзит.