Украина ја обвини Русија дека на шестиот ден од инвазијата нејзините сили употребиле термобарично оружје на украинска територија, познато и како вакуумска бомба.
„Денес употребија вакуумска бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција“, изјави Оксана Маркарова на новинарите по напуштањето на состанокот со американските конгресмени во Вашингтон.
Мариупол: „Не можеме да ги извадиме ранетите од улиците бидејќи гранатирањето не престанува“
Сепак, западните медиуми досега не успеаја самостојно да го потврдат ова сериозно обвинување.
Но, затоа пред неколку дена беше потврдено дека ваквото оружје – поточно рускиот мобилен ракетен систем ТОС-1 – навистина е на пат кон Украина.
Си-Ен-Ен го сними во саботата на руско тло на пат во близина на границата со Украина, јужно од Белгород, град во југозападна Русија.
Висок официјален претставник на американската одбрана потврди за Форин полиси во вторникот дека руската војска навистина донела ракетни системи способни да истрелуваат термобарични ракети.
Зеленски го крие семејството на тајна локација: „Не можам да ги видам“
Анонимен службеник одби да потврди каде точно руската војска ги поставила термобаричните фрлачи и дали тие се користени.
Вакуумска бомба или термобарично оружје, исто така наречена аеросолна бомба, се состои од резервоар за гориво и две експлозивни полнења. Може да се користи на два начина – или со фрлање од авион како бомба или испукување како граната или ракета, пишува Би-Би-Си.