Тепачка во Домот за стари лица во Куманово, повредена една штитеничка

Сподели со своите пријатели

Една штитеничка со повреди била донесена во Ургентниот центар во Куманово, откако две лица, исто така корисници на Домот за стари лица, физички ја нападнале.

– На 24.02.2026 во 16:55 часот во СВР Куманово, од Ургентен центар Куманово било пријавено дека кај нив со повреди била донесена С.Ц. од Скопје, која престојувала во домот за стари лица во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, таа била физички нападната од две лица кои, исто така, престојувале во домот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот на Општина Куманово со препораки до УЈП за проблемот со двојно оданочување

Никола Ивановски