Две лица се приведени поради сомнение дека физички нападнале жител на селото Алгуња во општината Старо Нагоричане.
Loading...
– На 03.04.2024 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.К.(49) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане и Д.В.(40) од село Коњух, кратовско, затоа што во село Алгуња физички го нападнале С.П.(53) од селото, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски