Две лица од Куманово ноќва го нарушиле јавниот ред и мир на улицата „Веселин Маслеша“ со меѓусебна физичка пресметка.
Loading...
– На 02.07.2024 година во 00.49 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Веселин Маслеша“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И. (49) и А.К. (31), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Никола Ивановски