Едно лице загина, а две други се повредени во тепачката што избувна во дел од центарот за бегалци во Морија, Грција, наменет за малолетни лица без родителска грижа.
Loading...
Во тепачка, 15-годишен Авганистанец уби еден, а сериозно и лесно повреди, двајца сограѓани во судирот што избувнал во бегалскиот камп во саботата околу полноќ.
Според тамошните медиуми момчето со нож нападнало група авганистански тинејџери.
Причината за кавгата засега е непозната.
Во кампот моментно има 600 придружни малолетни лица, со капацитет од само 160 лица.