Теоретичарите на заговор одат на Антарктикот за да докажат дека Земјата е рамна плоча

Сподели со своите пријатели

Се е поголем бројот на оние кои веруваат во теоријата за рамна Земја, па организираат конвенции, прават видео снимки, свикуваат состаноци и разговараат за тоа како ќе ги убедат луѓето дека Земјата е рамна плоча. Нивната најнова одлука е да го посетат Атарктикот и да го откријат работ на светот.

Loading...

– Не веруваме дека нешто може да падне од работ на Земјата, затоа што многу луѓе мислат дека сме во некоја форма на половина топка, дека ѕвездите, Сонцето и Месечината се внатре во таа половина со нас. Многу се високо, но се внатре со нас. Така да нема шанси нешто да може да падне од планетата, рекол Роби Дејвидсон, еден од организаторите на експедицијата, пренесува Форбс.

Нивниот план е да дојдат „до крајот“ на Антарктикот и на тој начин да докажат дека постоир абот на светот, т.е. место каде се се’ завршува. Според нивните тврдења, Џејмс Кук во 1773 година дошол до голем ѕид на мраз на Антарктикот и не можел да најде пат околу него.

Пловел со денови и минал повеќе од 96 илјади километри барајќи дупка во ѕидот низ која може да мине на другата страна, но никогаш не пронашол, тврдат тие. На ледениот ѕид му немало крај. Токму поради ова експедиција и на неа сличните, тие веруваат дека не постои ништо од другата страна на ѕидот, т.е. дека тука се наоѓа работ.

Се уште не е одреден точниот датум на експедицијата, а многумина желно ги исчекуваат резултатите затоа што тие одновно почнуваат многу дебати меѓу поддржувачите на теоријата за рамна Земја и оние кои мислат дека истата е со кружна форма.

Leave a Reply