Разговорите меѓу Авганистан и Пакистан за посредување во долгорочно примирје, одржани во Истанбул, завршија без договор, објавија денес два извори запознаени со ситуацијата.
Двете страни претходно се согласија за прекин на огнот постигнат во Доха на 19 октомври, но не успеаја да најдат заедничка основа во втората рунда разговори, посредувани од Турција и Катар, соопштија авганистански и пакистански извори.
Секоја страна ја обвини другата за неуспехот, соопштија извори, пренесува Ројтерс.
Пакистански безбедносен извор изјави дека Талибанците не се подготвени да се обврзат да ги контролираат пакистанските Талибанци.
Авганистанскиот извор додаде дека разговорите пропаднале по „напнатите размени“, истакнувајќи дека авганистанската страна нема контрола врз нападите на пакистанските Талибанци врз пакистанските трупи во последните недели.
Судирите во октомври започнаа по пакистанските воздушни напади овој месец врз Кабул, вклучувајќи го и нападот врз лидерот на пакистанските Талибанци.
Талибанците возвратија со напади врз пакистански воени пунктови долж границата од 2.600 километри.
Во саботата, пакистанскиот министер за одбрана изјави дека верува оти Авганистан сака мир, но дека неуспехот да се постигне договор во Истанбул може да значи „отворена војна“.
Пет пакистански војници и 25 пакистански талибански милитанти беа убиени во судирите меѓу талибанците за време на викендот во близина на границата со Авганистан, соопшти војската во неделата.

