Телескопот Хабл повторно повторно во функција

Сподели со своите пријатели

По бројните грешки во синхронизацијата на инструментите кои бараа активирање на безбедниот режим, НАСА сега тврди дека телескопот функционира нормално и дека сите четири активни инструменти собираат податоци, јавуваат американските медиуми.

Loading...

НАСА првпат забележа на 23 октомври дека инструментите Хабл не добиваат пораки од контролната единица на телескопот, а проблемите во комуникацијата продолжија и во следните денови.

Затоа НАСА активираше еден вид безбеден режим на работа, нешто од кое телескопот долго се „буди“ поради чувствителноста на неговиот хардвер.

Брзите промени на моќноста и температурата не се добри за неговиот животен век, па НАСА е секогаш внимателна.

Ова исклучување беше второ годинава, бидејќи претходната едномесечна „кома“ беше забележана во јули поради друг проблем.

Телескопот е стар 31 година и е при крај на својот животен век во вселената, но НАСА сè уште очекува Хабл да работи во тандем со телескопот Џејмс Веб оваа деценија.