Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, телефонски разговарале за Сирија, Иран, Северна Кореја и Укарина, соопшти Белата куќа.
Кремљ соопштува дека Путин во тој разговор на својот американски колега му соопштил дека безусловното приваќање на спогодбата од Минск нема вистинска алтернатива.
– Кога се работи за кризата на југоистокот на Украина, претседателот на Русија вниманието го свртел на отсуството на вистинска алтернатива со безусловно прифаќање на договорот од Минск од 12 февруари 2015 година, се наведува во сооштението од Кремљ.
Трамп и Путин минатата недела имале неколку неформални разговори при самитот во Виетнам и тогаш се договориле за повеќе начела за иднината на Сирија.
Нивниот денешен разговор следува ден откако Путин се сретна со сирискиот претседател Башар ал Асад во рускиот град Сочи.
Кремљ денеска соопшти дек Путин и Асад разгледувале потенцијални мировни иницијативи за повоена Сирија, воочи самитот на Русија, Турција и Иран кон крајот на неделата, како и новата рунда мировни преговори во Женева под покровителство на ОН кон крајот на месецот, наведува АП.
Путин на состанокот со Асад рекол дека двегодишната руска воена кампања во Сирија се ближи кон крајот. Таа изјава следува откако екстремистите на Исламската држава го загубија и последното упориште на истото на Сирија во борбите со силите на Дамаск.