Телефонски број за пријавување дефекти на уличното осветлување во Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ пушти во употреба нов телефонски број на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат дефекти со уличното осветлување во градот.

Доколку забележите дефект во било кој дел од градот или неисправна светилка јавете на телефонскиот број 071/376-619. Екипите на ЈП „Куманово паркинг“ веднаш ќе излезат на терен и ќе интервенираат за отстранување на проблемот.