„Што повеќе тоа подбор“, вака обично влеат искустните „клубери“, но „Теледиско“ е најмалиот ноќен клуб во светот и е целосно различна работа.
Најмалиот ноќен клуб во светот во облик на телефонска говорница се наоѓа во Берлин, Германија. Клубот има се што има и еден просечен клуб, машина за чад, стробоскоп, светлосни ефекти, диско топка, сув мраз и екран на добир кој овозможува бирање на музика. Во кабината постои и фотоапарат кој ве фотографира за време на вашиот престој внатре.
Во оваа телефонска говорница во Германија претворена во диско клуб можат да станат само двајца луѓе, а влезот се плаќа 50 центи. Овој клуб постои на три локации, два во Берлин, а третиот е подвижен и може да се изнајмува.