Тела на двајца алпинисти Кристин Рунарсон и Торстин Гудјонсон пронајдени се на Хималаите по триесет години, јавува CNN.
Случајно ги пронашол еден американски планинар во подножјето на планината.
Стив Аистхорп во 1988 година одел на експедиција на Хималаите со своите двајца пријатели.
Целта била да пристигнат на врвот на планината Пумори која е висока 7.167 метри, а која сенаоѓа во близина на Монт Еверест.
Аистхорп при качувањето се разболел и не можел да го продолжи патувањето, но ги охрабрил своите пријатели да продолжат и да се обидат да пристигнат до целта.
Кога оздравел и стигнал до нивниот камп, видел дека нема никој во црвените шатори.
Ги повикувал, н оникој не одговорил.
Се смета дека според позицијата на поставените јажиња, се обиделе да се искачат до самиот врв кога им се случила некоја несреќа.
Во џебот на едниот од починатите алпинисти е пронајдена ролна филм. Експертите сега работат на неговото развивање.
Пријателите и членовите на семејството се надеваат дека фотографиите можеби ќе откријат што точно се случило.
– Верувам дека пронаоѓањето на телата на нашите драги пријатели Торстеин и Кристин повторно ги растажи сите оние кои ги сакаа. Но, исто така не поврза и се надевам дека ќе можеме со време да се помириме со тој несреќен настан, рекол Стив Аистхорп.
Тој верува дека телата на неговите пријатели завршиле во подножјето на планината поради повлекување на глечер. Телата се пренесени во Катманду каде ќе бидат кремирани. Потоа нивниот пепел, ќе се врати назад на Исланд.
Девојката на Кристн Рунарсон за време на кобната експедиција била бремена и го чекала неговото враќање.
– Пет месеци откако дознавме дека го загубил животот во експедиција, на некој начин го добивме назад. Неговиот син е ист како својот татко, рекол Рунар Гудбјартсон, татко на Рунарсон.