Тексас ќе одобри поседување оружје без дозвола

Сподели со своите пријатели

Тексас се подготвува да ја отстрани последната пречка за носење оружје без дозвола, откако претставниците на оваа американска сојузна држава им дозволија на граѓаните да поседуваат оружје без дозвола, како и полициски проверки и задолжителна обука што претходно беше неопходна за да се добие лиценца.

Loading...

Парламентот, претежно исполнет со републиканци, го одобри законот во понеделникот и го проследи до гувернерот на Тексас, Грег Абот, кој рече дека ќе го потпише и покрај забелешките од разни здруженија на пратеници, кои веруваат дека одлуката ќе ја загрози јавната безбедност и полицијата, јавија американските медиуми.

Групите за контрола на вооружувањето исто така се спротивставуваат на ваквите мерки, потсетувајќи на историјата на масовните пукотници, вклучително и во супермаркетот Волмарт во Ел Пасо, потоа во црква во Сатералд Спрингс и во средно училиште во близина на Хјустон.

Тексас веќе има еден од најблагите закони за оружје во САД и околу 1,6 милиони луѓе имаат дозвола да носат оружје.

Leave a Reply