Техничка стока заплената на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Три ресивери СYNAPS и 11 парчиња POWERBOX HD, биле откриени при контрола на српски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Непријавените производи, како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, биле пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Во текот на минатите две недели, како што информираат од управата, царинските службеници откриле еден обид за илегално преминување на границата и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за автобуси, приколка за превоз на возила, стоматолошки материјали и рисивери.

Leave a Reply