Техеран негира дека ѝ доставува балистички ракети на Русија

Сподели со своите пријатели

Иран ги осуди новите санкции на ЕУ и Обединетото Кралство врз Техеран и негираше дека ѝ дал балистички ракети на Русија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи во објава на Х во вторникот.

Loading...

Европската унија во понеделникот се согласи да воведе санкции за седум поединци и седум организации, вклучително и Иран Ер, поради нивната поврзаност со иранскиот трансфер на балистички ракети на Русија.

На списокот се и „Саха ерлајнс“ и „Махан ер“, како и заменик-министерот за одбрана на Иран, Сејед Хамзе Галандари.

Во исто време, Британија додаде девет нови поединци и организации во режимот на санкции против Иран.

Минатиот месец, САД, повикувајќи се на разузнавачки информации за кои рекоа дека биле споделени со сојузниците, рекоа дека Русија добила балистички ракети од Иран за нејзината војна во Украина.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи во вторникот негираше дека неговата земја и испорачувала на Русија балистички ракети.

– Некои европски земји и Велика Британија за жал без докази тврдеа дека Иран воено интервенирал во овој конфликт, што беше целосно демантирано – рече Багаи, мислејќи на војната меѓу Русија и Украина.