Израел стои зад минатонеделниот напад врз иранските гасоводи, изјави денеска иранскиот министер за нафта Џавад Овџи, пренесува полуофицијалната новинска агенција Тасним.
Loading...
„Непријателот имаше намера да го прекине снабдувањето со гас на домаќинствата… но за два часа нашите колеги продолжија со работа“, рече Овџи.
Тој нагласи дека „овој заговор е дело на узурпаторот Израел, кој пропадна и беа оштетени само неколку краци од гасоводот“.
Во градот Борујен во иранската провинција Чахармахал и Бахтијари, на 14 февруари се случи експлозија на гасовод, по што избувна пожар, соопштија иранските власти, пренесува Танјуг.