Театар Куманово во Виница ќе ја игра претставата „Мани, мани, мани“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Мани, мани, мани“ Театар Куманово вечерва ќе гоствува на Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas“ во Виница.

 

 

По успешната премиера и две репризи во Куманово, каде публиката се насмеа до солзи, претставата која изобилува со дијалекти, каде доминира кумановскиот, започнува и со своите гоствувања.

Текстот на комедијата е на Реј Куни, а во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ.

 

 

Актерската екипа ја сочинуваат Марко Трајковиќ, Сања Русевска, Владо Дојчиновски, Нина Максимова, Дубравка Косилечки, Јасмина Василева и Мирослав Петковиќ.

Leave a Reply