Во рамки на одбележувањето на 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, и во програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, на 6 ноември ќе гостува Театар Куманово со комедијата „Разбуди се Тина“.
Претставата ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, а организатор на настанот е ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија.
Влезот за сите посетители е бесплатен.
Режијата на претставата е на Драгана Таневска, а во актерската екипа настапуваат Жарко Јовановиќ, Никица Јанковски, Владанка Крстевски, Мишо Димитријевски, Александра Михајловска Величковски, Сања Русеска, Владо Дојчиноски и Анастасија Трајковиќ.
Сценографијата е дело на Крсто Богојевски, костимограф е Дарко Илиевски, а драматург на претставата е Симона Тоскиќ.
„Еден среќен брак доаѓа во состојба на искушение, поради потребата на партнерот да влезе во светот на непознатото поради забава со другарите, кога Тина заспива,“ открива дел од сценариото режисерката Таневска.
Никола Ивановски

