Театар Куманово најавува смеење до солзи на „Разбуди се Тина“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово најави смеење до солзи и вистинско уживање на публиката која утревечер ќе ја проследи премиеата на комедијата „Разбуди се Тина“.

Ова е последната претстава од програмата на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ за оваа година.

 

 

Како што истакна директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски закажана е реприза во петок која е веќе распродадена, а се продаваат и последните билети за понеделник.

– Очекувам една успешна претстава, како и секоја година. Ова е една млада и одличан екипа на Театар Куманово и очекувам дека ќе ги исполниме очекувањата на публиката. Една интересна комедија која сигурен сум ќе остане во сеќавање на театарската публика, изјави Тодоровски.

 

 

Режисерот на претставата е Драгана Таневска, која вели дека трет пат работи со Театар Куманово и најавува претстава која ќе и се допадне на публиката.

– Во обид да го променат досадното секојдневие тројца пријатели смислуваат план за забава, односно сакаат да реализираат една своја фантазија. Ние во нашата претстава не ги обработуваме психолошките аспекти на машката фантазија, туку ги обработуваме комичните, едноставни и безопасни аспекти, изјави Таневска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сопругата на Шахини осомничена за повразност со обидот за негово убиство

 

 

Во претставата играат Жарко Јовановиќ, Мишо Димитријевски, Марко Трајковиќ, Никица Јанковски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Сања Русеска, Владо Дојчиноски и Анастасија Трајковиќ.

 

 

Актерката Владанка Крстевски, вели дека процесот на создавање бил едноставен и забавен.

– Целата таа позитивност и поврзаност меѓу тимот актери и режисерот и целата институција воедно се залагаше да имаме и да создадеме претстава која ќе одекне и трае на репертоарот на Театар Куманово. Се почуствував дека правам вистински театар и јавна благодарност за секоја сцена, шега и што ги направија овие денови без разлика на се, да бидат многу убави и смешни, изјави Крстевски.

 

 

Драматургот Симона Тоскиќ вели дека се тим кој победува и ги повика љубителите на комедијата да дојдат и да дознаат „дали Тина ќе се разбуди“.

– Ова е претстава која без сомнение ќе ви изнуди солзи од смеење, така да ве покануваме сите да дојдете затоа што ви го гарантираме тоа. Веќе две продадени, уште малку карти за 13 октомври, така да дојдете да видите за што зборуваме, порача Тоскиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Липковски: Куманово ќе продолжи да вложува во безбеден и модерен сообраќај (ВИДЕО)

 

 

Актерот Жарко Јовановиќ вели дека е брза претстава, со многу промени и верува дека ќе биде интересна оти постојано нешто се случува на сцена.

– Не е како некои монотони претстави со еден или двајца ликови, ова е брза претстава и екипа, комедија на ситуации, затоа што смешното најчесто доаѓа од самата ситуација, не мора некакви кој знае какви ликови да градиме, истакна Јовановиќ.

 

 

Актерот Никица Јанковски изрази уверување дека претставата ќе се игра најмалку 10 години на репертоарот на Театар Куманово.

– Ова е екипа која е многу добра, заедно со Драгана која со нас прави одлични претстави и тоа го потврдува и публиката. Веќе третата изведба веќе ни е продадена, а премиерата уште не е помината, што значи дека кумановци ни веруваат и тоа посебно ме прави среќен. Го играм ликот на Томица, прекрасен лик којшто е пијан на сцена, малку се изнамачив со пијанството и дозирањето, сега верувам дека на луѓето кои седат околу пијаните и стварно им е тешко, рече Јанковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  27-годишник од Куманово тешко повреден откако со мотор удрил во „рено“

 

 

Актерот Марко Трајковиќ, вели дека „Разбуди се Тина“ е најдобрата комедија во последните десет години.

– Ова е комедија на ситуации, немаше потреба од градење не знам какви ликови. Ќе функционира пред било која публика, ова е универзален хумор, претстава која ќе биде блиска на сите и било која публика што ќе ја гледа. Претставата воопшто не беше лесна да се направи, потребно е многу големо внимание на сцена и најголемо невнимание веќе влијае на следните четири или пет сцени, тоа може да влијае и на самата претстава, но со многу труд се надевам дека нема да дозволиме тоа да ни се случи, вели Трајковиќ.

 

 

Сценографот Крсто Богојевски го опиша процесот како забавен и успешен.

– Успеавме да најдеме заеднички јазик, да се усогласиме со желбите, идеите и барањата, што да биде поставено на самата сцена така што не осетив некаква тежина при подготовката на самата претстава и не би навлегувал подетално околу сето тоа, публиката ќе го види на сцената, изјави Богојевски.

 

 

Премиерата на претставата е закажана за утревечер од 20 часот.

Никола Ивановски