Таткото на петгодишното дете создава цртани ликови од храна: „Не ми е тешко бидејќи ќерка ми ги јаде моите креации!“

Сподели со своите пријатели

Самохраниот татко на петгодишната Силвија Мајкл Викс пронашол, како што вели, совршениот начин да ја натера својата ќерка да проба нова храна, претворајќи ги во уметност на чинија.

Loading...

Овој 38-годишник ги претвора оброците на својата ќерка во ликови од нејзините омилени цртани филмови, па наместо безлични оброци секојдневно послужува чудовишта и животни.

 

 

– Кога останав со неа пред три години, почнав да размислувам како да ја убедам дека целата храна е добра, особено што на почетокот бараше само пилешко за вечера – рекол Мајкл, кој, како што вели, ја изгубил мајка си кога бил млад.

Поради неа како дете сакал да готви, а оваа љубов решил да и ја пренесе на својата ќерка која денес му помага да дизајнира и прави генијални и забавни јадења.

Како самохран татко, вели тој, не може да има „типично машко хоби“ како вежбање во теретана или излегување со пријателите. Така тој се труди да биде креативен дома, па неговата ќерка и тој слободното време го поминуваат заедно во кујната.

Loading...

 

 

 

– Таа ми помага да се подготвам, сечам и готвам, и така послатка и јаде затоа што таа ќе биде горда на она што го направи … – објасни тој.

Од храна, додава таа, најмногу прави животни бидејќи се најлесни за правење, а бидејќи Силвија сака се што е слатко и „женствено“, често прави еднорози или сирени.

 

Loading...

 

– Штом тргнала во градинка станала пребирлива, за храната и почнала да одбива некои јадења што не ги сакале ниту нејзините пријатели, но сега јаде сè со играта и попатно учи за храна – вели тој, што е добра подготовка за иднината , пренесува Мирор.