Татко ѝ со трактор ја донел на матура: „Другарите се смееја, но мене не ми е срам“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На Плоштадот на партизаните во Ужице, Србија, продефилирале бројни мали матуранти од основното училиште „Миодраг Миловановиќ Луне“ каде што учеле деца од селата Каран, Рибашевина и Луново Село.

Loading...

Ништо немало да биде несекојдневно доколку малата Тијана Марковиќ не била донесена од нејзиниот татко со трактор, што предизвикало изненадување, како кај случајните минувачи, така и кај нејзините школски другари.

Тијана открива дека имало потсмев, но дека не се срами.

„Тоа беше и на татко ми и моја идеја. Беше добро. Моите пријатели се смееја, но јас не се срамев. Јас сум од село и не се срамам“, нагласи таа за порталот Ужице.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

Видеото стана вирално и имаше многу лајкови и поддржувачки коментари велејќи дека никој не треба да се срами од своето потекло.