Велат дека вистината секогаш ќе ве стигне и дека на лагите им се кратки нозете, но кога се во прашање децата, понекогаш не сме сигурни во тоа. Имено, тие умеат да не убедат во се, а понекогаш знаат да бидат и вистински мали измамници.
Сепак, еден татко сфатил како да ги реши таквите ситуации и гарантира дека неговиот метод секогаш ќе го наведе детето конечно да ја каже вистината. Австралиецот Џими Вернон сподели видео на ТикТок и на корисниците им ги покажа своите вештини, а неговото видео е прегледано речиси 100.000 пати.
Тој смета дека сите родители треба да знаат за овој трик
Седејќи до својата сопруга Тили, Џими јаде крофна на видеото и вели: „Јавно известување до сите родители“.
„Џими дојде до апсолутно најбрилијантната идеја да ги спречи децата да ве лажат“, вели Тили, а потоа Џими започнува со демонстрации. Тој оди до нивната ќерка Елора и вели: „Еј, Елора, знаеш како ми кажа порано дека те боли стомакот? Збунето девојчето промрморе „Јас… што? додека се приближува до камерата.
Џими повторува, а потоа прашува: „Дали сакаш да го повториш истото во детекторот за лаги на мојот телефон за да можам да проверам дали лажеш или не?“ Таа одбива и почнува да бега од мобилниот телефон. Џими само рече: „Така мислев“.
Во коментарите луѓето го изразија своето задоволство од едноставниот, но генијален метод, а некои споделија и свои трикови. „Им кажав на моите деца дека ушите им стануваат црвени кога лажат. Во мојата куќа има многу навлаки за уши“, коментира едно лице.
Друг додаде: „Им реков на моите девојки дека добиваат црвена точка на челото кога лажат. Умирам од смеење кога ќе се појават и ќе кажат нешто со рацете над челото“.
@thevernonclan The way she says I beg your pardon 🥹 #kids #parents #parentsoftiktok #hack #foryou #fyp #family ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey