Дваесет и едногодишен кумановец бил повреден откако неговиот татко случајно испукал дијабола додека расклопувал воздушна пушка.
Loading...
– На 30.05.2025 година во 16.25 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека од нив била побарана лекарска помош за лицето Ф.Д.(21) од Куманово, којшто, според неговото кажување, бил ненамерно повреден од испукана дијабола од воздушна пушка при нејзино расклопување од страна на неговиот татко И.Д.(50) од Куманово, информираат од Министерствто за внатрешни работи.
За настанот, како што посочуваат од МВР, бил известен надлежен јавен обвинител.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Никола Ивановски