Татко му е милионер, но тој мора да штеди за стан

Сподели со своите пријатели

Алекс Шин, наследник е на најголемата агенција за надвижности во Хонгконг, но не поседува куќа.

Loading...

И не само тоа, нема да го наследни огромното богатство од 400 милиони долари затоа што неговиот татко, милионерот Винг Чинг Ших (70), одлучил сите пари да ги даде во добротворни цели.

Сепак, младиот Ших вели дека тоа не го мачи затоа што татко му неодамна му рекол дека од големите пари нема да види ништо.

Ших има три возрасни деца, но тврди дека на нив нема да им остави ништо. Овој бизнисмен се збогатил во 1978 година кога ја основал агенцијата за недвижнини „Центалин“.

фото: YOUTUBE/PRINTSCREEN

Уште пред десет години се вклучил во работа на хуманитарните здружени во кои донира голем дел од своите пари. Неговото семејство живее скромно и целосно ја поддржува неговата одлука.

– Соопштена ни е таа одлука додека бевме многу мали. Немавме избор туку да ги послушаме неговите желби. Ни објасни дека не е добро да се води премногу опуштен живот и дека повеќе ќе ги цениме парите кои сами ги заработуваме, рекол Алекс (30).

Loading...

Алекс работи кај татко ѝ, и откако Винг ќе отстапи од местото директор, синот ќе ја наследи неговата позиција.

– Моите пријатели моментално заработуваат повеќе од мене, објаснил тој.

Најмладиот син на Винг, и покрај богатството на тато има проблеми како и поголемиот дел од младите, штеди за стан за да може да се отсели од родителите.

– Нашиот живот секогаш бил скромен. Знам дека тоа пребогатите деца од Њујорк и Лондон не можат да го разберат, рекол Алекс.

Иако фирмата има обрт од милиони долари дневно, Алекс има „обична“ плата.

Инаку Ших одлучил заработените пари да ги искористи за искоренување на сиромаштијата во руралниот дел на Кина, од изградба на инфраструктура до помош на сиромашни деца за да се образуваат.

Извор: Straitstimes.com / фото: Facebook/Printscreen

Leave a Reply