Ирански татко ја убил сопствената ќерка (18), на сред улица затоа што ѝ открила на мајка си дека ја изневерува, соопштија властите.
Бруталниот злостор се случил во градот Исламсер, а жртвата е идентификувана како Фатеме Солтани (18).
Безбедносна камера го забележала моментот на бруталното убиство, кога таткото ја нападнал ќерка си со нож и ја избодел неколку пати.
Според локалните медиуми, Фатеме работела во фризерскиот салон тајно од своето семејство бидејќи се плашела од реакцијата на нејзиниот татко.
Сепак, таткото успеал да го најде нејзиното работно место со закажување состанок преку бројот наведен на Инстаграм страницата на нејзината компанија.
Кога Фатеме дознала дека нејзиниот татко закажал состанок, наводно од страв ѝ се јавила на мајка си и ѝ кажала сè, но немала време да реагира.
Според медиумите, девојчето било убиено на прагот од салонот, а на ужасното видео се гледа како нејзиниот татко скока од автомобилот, ја влече по подот, клекнува над неа и ја прободува неколку пати.
Ужасното злосторство се случило додека минувачите гледале во шок. Таткото наводно застанал дури кога еден минувач почнал да вреска.
„Фатеме живееше одвоено од својот татко и семејството некое време поради семејно насилство и беше финансиски независна“, рече нејзината пријателка.