ТАСС: Повеќе од милион Украинци евакуирани во Русија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од еден милион луѓе, вклучително и речиси 200.000 деца, се донесени од Украина во Русија во изминатите два месеци, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Loading...

Претставникот на Министерството за одбрана, Михаил Мизинцев, изјави дека се вклучени 11.550 лица, меѓу кои 1.847 деца кои биле префрлени во претходните 24 часа, без учество на украинските власти, наведува агенцијата АП, повикувајќи се на руската агенција ТАСС.

 

 

Најмалку тројца цивили загинаа во гранатирањето на Угледар

 

Тој рече дека тие цивили се евакуирани на територијата на Русија од опасните области Доњецк и Луганск и други делови на Украина, се наведува во извештајот.

Местата и околностите на тие евакуации не се прецизирани, додава АП.

Loading...