Годинава продолжува траидијцата за одбележување на денот на ослободување на Куманово „11 Ноември“ со мега концерт на градскиот плоштад.
Среда на 10ти ноември на плоштадот кумановци ќе ги забавуваат Bardhi; Пајак, Таско и српските ѕвезди Ѓорѓе Давид и Ивана Петерс.
– Како и секоја година, со исклучок на минатата (поради ковид пандемијата), Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово организира пригодна културно – уметничка програма за сите граѓани на нашиот град, велат од Фондацијата кои се организатори на настанот.
Оттаму апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките за превенција од вирусот.
Концертот ќе започне во 20 часот.
Никола Ивановски