Тасевска со најава на пакет мерки за работниците (видео)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција денес кандидатот за пратеник на листата на СДСМ во втората изборна единица, Лидија Тасевска најави пакет мерки за работниците каок дел од предизборната програма на коалицијата.

Гарантираме минимална плата од 12.000 денари од април 2017 година и 16.000 денари до 2020 година, ова аминимална плата ќе важи за сите работници и за оние во текстилната и за оние во кожарската индустрија. Крајна цел е просената плата да биде 30.000 денари. За повозрасните работници ќе обезбедиме да работат помалку, а да имаат иста плата до пензијата што знаи работничките со 60 години и 62 за работниците ќе работат по шест часа дневно се до пензија. Секоја прекувремена работа ќе се наплаќа дополнително и ќе се води регистар за прекувремени часови во УЈП. Ќе се води поголема грижа за безбедноста на работниците, затоа што сметаме дека во овој момент не се заштитени – рече Тасевска.

Според Тасевска за сите оние над 65 годишна возраст кои не ги исполнуваат условите за пензија ќе добијат државна пензија.