Танкер натоварен со нафта погоден во Дубаи

Сподели со своите пријатели

Иранските сили директно нападнаа кувајтски танкер за нафта додека беше закотвен во пристаништето Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави синоќа кувајтската државна новинска агенција, пишува Њујорк Тајмс.

Властите на Дубаи реагираа на инцидент во кој дрон погоди танкер, по што избувна пожар во водите на емиратот, според канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи.

Никој од 24-те членови на екипажот не е повреден и сите се безбедни, се додава.

Поморските противпожарни екипи го изгаснаа пожарот, кој подоцна успеаја да го стават под контрола, јавува Н1 Загреб.

Танкерот бил полн со нафта

Според извештаите, танкерот Ал-Салми бил целосно натоварен во времето на нападот и бил погоден од иранските сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп подготвен да ја заврши војната во Иран дури и без отворање на Ормутскиот теснец?

Трупот на бродот бил оштетен, а пожарот и штетата можеле да предизвикаат излевање на нафта во околното море, предупредија тие.

Преземени се мерки за спречување на еколошка штета, јавува Index.hr.

Компанијата „Танкер Трекерс“, која го следи движењето на танкерите, објави дека на бродот имало околу два милиони барели сурова нафта, од кои околу 1,2 милиони биле од Саудиска Арабија и околу 800.000 од Кувајт.

Тие исто така наведуваат дека танкерот завршил со товарење пред еден месец.

„Ал-Салми“ е огромен танкер долг речиси 335 метри, кој е изграден во 2011 година од јужнокорејската компанија „Даеву Шипбилдинг енд Марин Инженеринг“.