Градот Куманово и годинава ќе го угости традиционалниот Тамбурашки фестивал, кој се одржува по 21. пат.
Настанот ќе се случи вечерва на градскиот плоштад со почеток во 20 часот, и ќе понуди богата музичка програма со домашни и странски изведувачи.
Организаторот Нино Величковски потсети дека фестивалот се одржува во континуитет, благодарение на поддршката од градот и граѓаните.
„Дваесет и една година по ред градот Куманово е домаќин на меѓународниот тамбурашки фестивал во континуитет, што ќе рече дека поддршка имаме од сите наши сограѓани, од советниците на градот Куманово, од градоначалниците и сите оние што љубат убавата песна, изјави тој.
Оваа година, публиката ќе има можност да ги слушне Тамбурашкиот оркестар „Табиет“ од Свети Николе со триесетминутна програма, културно-уметничкото друштво „Гусле“ од Кикинда, како и специјалниот настап на Бранко Бако Ивановиќ со интернационален оркестар составен од музичари од Австрија, Шведска и Унгарија.
Никола Ивановски