Тамара Тодевска вечерва на градскиот плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Тамара Тодевска ќе биде главната музичка ѕвезда на годинешното издание на Тамбурашки фестивал кој вечерва ќе се одржи на градскиот плоштад во Куманово.

Loading...

Станува збор за традиционалниот Меѓународен тамбурашки фестивал, кој го организира Фонрацијата за култура и спорт под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

 

 

Освен Тамара, на фестивалот ќе настапи и тамбурашкиот состав „Трио Гранде“ кои во 20:30 часот ќе го отворат настанот.

Потоа ќе следува настапот на Бјелопољски тамбураши, додека Тамара Тодевска се очекува на сцена да излезе околу 21:50 часот.

Никола Ивановски

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово