Талибанците воведоа полициски час во Кабул, а животот во многу бучен и многу популарен град во Авганистан драматично се промени, пишува авганистанската агенција Кама Прес.
Никој не смее да ги напушти своите домови по 21 часот, освен во итни случаи, пишува руската агенција ТАСС.
– Членовите на Авганистанскиот исламски емират воведоа полициски час во Кабул и објавија телефонски броеви во случај граѓаните да треба да заминат додека трае забраната, пренесува агенцијата.
Како што се додава, одлуката останува во сила до понатамошно известување.
Во неделата, 15 јули, Талибанците влегоа во Кабул и оттогаш луѓето се во паника и сакаат да избегаат од земјата.
Поранешниот претседател на Авганистан Ашраф Гани изјави дека се повлекол од власта и ја напуштил земјата со цел да избегне крвопролевање.

