Талибанците се закануваат: Ако Бајден не го одржи ветувањето, ќе има последици

Сподели со своите пријатели

Останува само една недела до крајниот рок за американското повлекување од Авганистан.

Loading...

Портпаролот на Талибанците во Доха се закани дека „ќе има последици“ доколку американскиот претседател Џо Бајден не го исполни ветувањето и не ги повлече сите американски војници до 31 август.

– Тоа е црвена линија. Претседателот Бајден најави дека ќе ги повлече сите свои воени сили до 31 август. Ако го продолжат тој рок, тоа значи дека непотребно ја продолжуваат окупацијата – изјави Сухаил Шахин, портпарол на Талибанците.

Како што рече, ако САД или Обединетото Кралство побараат да се продолжи рокот, одговорот е негативен.

– Или ќе има последици. Тоа би создало недоверба. Ако нивната намера е да ја продолжат окупацијата, ќе има реакции – изјави портпаролот на Талибанците.