Талибанците отфрлаат внатрешен дијалог за инклузивна влада

Сподели со своите пријатели

Роза Отунбаева, специјалната претставничка на Обединетите нации (ОН) за Авганистан, изјави дека Талибанците не го прифаќаат меѓуавганистанскиот дијалог за да се формира инклузивна влада, пренесува Анадолија.

Loading...

Во својата изјава пред Советот за безбедност на ОН, Отунбаева рече дека „де факто владата“ во Авганистан верува дека нивната влада има соодветна застапеност.

Таа рече дека талибанците не прифаќаат меѓуавганистански дијалог за формирање инклузивна влада.

Талибанците ја контролираат земјата

Изразувајќи загриженост за неодамнешните активности на терористичката организација ИСИС во Авганистан, Отунбаева рече дека талибанците ја контролираат земјата, но дека не можат задоволително да ги нападнат терористичките групи кои дејствуваат во Авганистан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Разузнавачката служба со години од кралицата Елизабета го криела ова: Еден човек е виновен за се!

Мартин Грифитс, помошник генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања, ја опиша мрачната слика за хуманитарната ситуација во Авганистан во неговиот брифинг пред Советот за безбедност.

Грифитс рече дека 97 отсто од Авганистанците живеат во сиромаштија и дека 20 милиони луѓе во таа земја се соочуваат со тешка глад.

Ускратнеи права

На жените и на девојчињата во Авганистан им се ускратени многу права, вклучително и образованието, додека економијата на земјата е тешко погодена бидејќи меѓународната финансиска помош е прекината откако Талибанците ја презедоа власта на 15 август 2021 година. Во тој процес, илјадници жени останаа без работа во државните институции и во приватниот сектор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја повлече блокадата на WhatsApp и Google Play

Соединетите Американски Држави ги замрзнаа девизните резерви на авганистанската централна банка во вредност од седум милијарди долари како дел од санкциите против Талибанците.

Loading...

Експертите за човекови права на ОН ги повикаа Соединетите Американски Држави да ја прекинат оваа практика и да ги одмрзнат авганистанските девизи.