Талибанците киднапираа, тепаа, понижуваа и убија познат комичар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Страшно сознание во Авганистан: на крајот на јули, по освојувањето на вториот по големина авганистански град, Кандахар, Талибанците убиле познат авганистански комичар кој, меѓу другото, ги исмевал Талибанците.

Loading...

Британскиот Дејли Мејл објави видео на кое се гледа како Назар Мухамед, попознат како Каша Звана, во автомобил со вооружени исламистички милитанти.

Талибанците го извлекле од неговиот дом, го одвезле со автомобил, а потоа го застрелале.

Назар Мухамед беше познат по своите снимки на „ТикТок“, во кои ги исмејуваше талибанците преку песна и танц.

Во видеото на кое се прикажани неговите последни моменти, комичарот направи шеги за Талибанците, поради што еден милитант во автомобилот му удри неколку шлаканици.

Според извештаите цитирани од Дејли Мејл, по погубувањето се појавиле фотографии на кои се гледа како комичарот стои покрај дрво, но и оние во кои комичарот лежел на земја со пресечен врат.

Талибанците прво ги демантираа информациите дека се вмешани во убиството на комичарот, иако признаа дека двајцата мажи на видеото биле членови на нивната група. Тие рекоа дека комичарот е уапсен, додавајќи дека ќе му суди талибанскиот суд.

Според Талибанците, Назар бил вмешан во мачење и убивање на Талибанците. Комичарот претходно работел за авганистанската полиција, а потоа стана познат по шегите и духовитите песни.

Loading...

Тој редовно се потсмеваше со голем број теми предложени од неговите следбеници на Тикток, вклучувајќи ги и Талибанците.

Зад себе ги остави сопругата и двете ќерки.

Погледнете го моментот кога беше киднапиран и понижен: