Талибанците кренаа во воздух споменик на водачот на шиитската милиција Абдул Али Мазари, кој се бореше против нив за време на граѓанската војна во Авганистан во 1990-тите, покажуваат фотографии што денеска кружеа на социјалните мрежи, пренесува АП.
Мазари беше милиционер на авганистанското етничко малцинство на шиитските Хазари, кое беше убиено од Талибанците во 1996 година, кога исламските милитанти ја преземаа власта од ривалските сили.
Споменикот е подигнат во централната провинција Бамијан, каде што Талибанците кренаа во воздух две масивни статуи на Буда стари 1.500 години, врежани во планините во 2001 година, непосредно пред инвазијата предводена од САД, објаснувајќи дека тие се спротивни на исламската забрана за идолопоклонство.
Талибанците се вратија на власт минатиот викенд по заземањето на поголемиот дел од Авганистан за неколку дена, во време кога останаа помалку од три недели пред најавеното повлекување на американските војници од оваа земја.
На почетокот на нивното владеење тие ветија нова ера на мир и безбедност за Авганистан и најавија дека ќе ги амнестираат сите оние што се бореа против нив, и ќе им дадат на жените целосни права според исламскиот закон, без подетални објаснувања.
Многу Авганистанци се длабоко скептични кон организацијата, особено оние кои се сеќаваат на нејзината претходна власт, кога беа воведени закони во согласност со строгите толкувања на исламскиот закон.
САД и западните сојузници во моментов ги евакуираат странските дипломати од Кабул по хаотичната ситуација на аеродромот, кога стотици Авганистанци очајно се обидоа да го напуштат главниот град, кој беше преземен од Талибанците.
In Bamyan of Afghanistan, the Taliban exploded a statue of Abdul Ali Mazari, a leader of Hazara ethnic group who was killed by the Taliban in 1996, said local people. For Hazaras, Mazari is a champion in the long Afghan war. pic.twitter.com/W9QB4FCs5J
— Ezzatullah Mehrdad (@EzzatMehrdad) August 18, 2021

