Новите авганистански власти одлучија да не дозволат девојчињата да посетуваат повисоки одделенија во основното училиште и да се вратат во клупите на првиот ден од новата учебна година, изјави денеска талибански функционер.
Медиумите објавија дека на девојчињата кои дошле на настава за постарите одделенија од основните и средните училишта им било кажано да се вратат дома.
Кои се сценаријата во кои Путин би употребил нуклеарно оружје?
Одлуката се очекува да ја осуди меѓународната заедница, која правото на образование за сите го направи главна тема во разговорите за помош и признавање на режимот во Авганистан.
Одлуката ја донесе синоќа Министерството за образование додека се подготвуваше за почетокот на новата учебна година во која се очекуваше враќање на девојчињата поради претходна најава со која се повикуваат сите ученици да дојдат на училиште.
Одложувањето на враќањето на девојчињата на училиште се чини дека е отстапка за племенскиот столб на талибанското движење во селата, кои во многу делови од земјата не сакаат да одлучат да го овозможат нивното образование.
На девојчињата им е забрането да одат на училиште по шесто одделение во поголемиот дел од земјата откако Талибанците се вратија на власт во средината на август.
Универзитетите, отворени претходно оваа година, во неколку провинции продолжија да обезбедуваат образование за сите, додека повеќето провинции ги затворија образовните институции за девојчиња и жени.