Талибанците ги спречуваат Авганистанците да дојдат до аеродромот, поставија и пунктови

Сподели со своите пријатели

Талибанците ги спречуваат авганистанските државјани да стигнат до аеродромот во Кабул, еден ден откако нивниот портпарол објави дека ќе им биде дозволен премин само на странски државјани, пренесува Ал Џезира.

Loading...

Талибанците поставија контролни пунктови на пет километри од северната порта на аеродромот, околу кои последните денови се собраа повеќето Авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата.

Дописникот на катарската ТВ мрежа Чарлс Страфорд наведува дека ситуацијата се променила преку ноќ.

„Тие не дозволуваат поминување на секој што не може да докаже дека има американска виза, американски пасош или писмо за покана од САД или некои од земјите – членки на НАТО“, наведува тој во извештајот.

Тој додаде дека слична е ситуацијата и на источната порта.

„Ситуацијата се влошува и тоа се чувствува насекаде низ Кабул. „Се чувствува како да расте паниката“, напиша новинарот на Ал Џезира.

Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид вчера изјави дека движењето го затворило патот до аеродромот во Кабул, и дека им е дозволено да минуваат само странски државјани.

Тој на прес – конференцијата оцени дека собирањето на аеродромот е „опасно“ и дека луѓето можат „да го загубат животот“.

Loading...

Муџахедините ги повикаа Авганистанците кои се собираат на аеродромот да ја напуштат земјата да се вратат дома, нагласувајќи дека Талибанците „ја гарантираат нивната безбедност“.