Талбинаците го освојуваат Авганистан: Во нивни раце уште еден важен град!

Сподели со своите пријатели

Талибанците денеска ја презедоа контролата врз друг град во авганистанската провинција Сара Пул, изјави официјалниот претставник.

Талибанците напредуваа во конфликтот во последните недели, и покрај осудите од меѓународната заедница и предупредувањата на Обединетите нации дека насилното преземање делови од територијата нема да биде признато.

Тие, исто така, не ги послушаа апелите за враќање на мировните преговори со авганистанската влада. Откако освоија големи делови од земјата, тие сега заземаат поголеми регионални центри и градови.

Според член на Советот на северната авганистанска провинција, Сара Пул, Талибанците го освоиле главниот град на провинцијата по повеќе од една недела отпор на безбедносните сили.

Владините сили целосно се повлекоа од провинцијата, рече тој.

Освен Сари Пула, Талибанците го контролираат Заранџ – главниот град на провинцијата Нимруз, Шеберган во провинцијата Јаузјан, Талокан во провинцијата Тахар – се борат за целосна контрола над Кундуз, каде што ја преземаа главната полициска станица и затвор во градот и канцеларијата на провинцискиот гувернер.

Талибанците ги засилија своите напади и офанзива по повлекувањето на американската армија од Авганистан, а владата возврати со бомбардирања.

Затоа, расте загриженоста дека бројот на цивилни жртви нагло ќе се зголеми.

Leave a Reply