Талбианците понудија амнестија за претседателот на Авганистан

Сподели со своите пријатели

Движењето на Талибанците понудија амнестија за авганистанскиот претседател Ашраф Гани и потпретседателот Амрул Салех, дозволувајќи им да се вратат во земјата доколку сакаат, изјави високиот талибански лидер Халил ур Рахман Хакани за пакистанската телевизија Гео.

Loading...

– Ние им простуваме на Ашраф Гани, Амрула Салех и (советникот за безбедност на претседателот на Авганистан) Хамдулах Мохиб. Ние им простуваме на сите на наша страна, од генералот (кој се бореше против нас) до обичниот човек – рече Хакани и додаде дека непријателството меѓу Талибанците и овие тројца настанало само врз основа на религија.

Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако започна офанзивата на Талибанците врз големите градови.

Талибанците во неделата ја презедоа контролата врз сите гранични премини. Во текот на денот милитантите влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата.

Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата со цел, според него, да „спречи крвопролевање“.

Портпаролот на политичката канцеларија на Талибанците, Мухамед Наим, подоцна објави дека војната во Авганистан е завршена.

Три дена по бегството, Гани испрати видео порака од ОАЕ во која вети дека ќе се врати во својата татковина што е можно поскоро.

Потпретседателот Амрула Салех рече дека според уставот, тој станал шеф на државата и повикал на вооружен отпор кон Талибанците.

Loading...