Талат Џафери избран за претседател на Собранието, граѓаните влегоа во законодавниот дом!

Сподели со своите пријатели

Парламентарното мнозинство во Собранието на Република Македонија го избра Талат Џафери од ДУИ за претседател на законодавниот дом и тоа со едногласна одлука од страна на СДСМ и коалициските партнери.

Откако излезе на говорница започна да зборува на албански, беше исвкиркан, седницата прекината, а граѓаните дојдоа пред Собрание.

 

Loading...

 

Пред Собрание дојдоа и членовите на специјалната единица за брзо распоредување, но сепак обезбедувањето кое ги чуваше вратите на законодавниот дом не ги спречи луѓето да влезат внатре. Специјалците не ги пропуштаат протестантите од вториот кат, но сепак некој дозволил тие да влезат во зградата и во собраниската сала која е преполна со луѓе.

 

 

Пратениците се во друга просторија и во прес центарот на законодавниот дом.

Надвор е тензично, а тензично е и внатре. Засега нема информации кои се плановите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

фото: А1он.мк