Освен тоа што го смени својот изглед т.е ги врати суканиците и носи наочари Тајзи не мирува и на музичко поле. Пред крајот на летото не почасти со нова песна и видео.
Се работи за еден вид порака која визуелно и текстуално ја пренесува иронијата на општеството во кое живееме и дава мотив за сите оние кои пропагираат мир, љубов и имаат желба за подобро утре било дома или далеку од тука . “Мајка те раѓа да направиш нешто”
Видеото се состои од материјали и снимки од целиот свет, го изработи Филип Пауновски додека текстот е на Тајзи и е првата песна од неговиот нов албум кој го најави за крајот на оваа година. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски .
Сите зборуваме за тоа како светот оди во погрешна насока, како капитализмот како и секој друг систем е ништо повеќе од бизнис, како има се помалку љубов меѓу луѓето, како постојано не трујат преку храна, вода, воздух и лажни информации и ред други актуелни теми , а всушност никој не презема ништо, туку сме дел од една пропаганда која секојдневно не убива на глобално ниво. Плукајте,коментирајте, но не ме фарбајте , не се работи за пари, за партија, за власт, за опозиција. Тука сум за сите вас кои го разбирате мојот јазик , мојата желба и мојата порака. Револуциите во минатото ретко кога донеле подобар живот и демократија туку смена на еден диктатор со друг. Јас не носам револуција, носам вистина и позитивна енергија за будење за револуција на свеста кај сите нас бидејќи ако сакаме да го смениме светот нели прво треба да почнеме од себе – вели Тајзи во врска со темата на новата песна.
Покрај „Револуција“ Тајзи најавува уште песни овој период. Се работи за песна која ќе има и српска и македонска верзија и која ќе има свој видео запис. Песната е уште една соработка со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат“. Македонската верзија е на Лазар Цветковски и на Тајзи, додека на српската се потпишува балканскиот хит мејкер Цоби кој освен тоа е што е актуелен како артист со песната „Црни Сине“ е и продуцент на неколку хитови на Раста,Тхц,Реља,Конект и други артисти од Балканот .