„Омилена“ на Тајзи е тема која цело лето ќе ја слушаме на балканските радио станици. Песната е во летен регетон ритам, со текст на Тајзи, додека музиката ја работеа заедно со Лазар Цветковски кој го изработи и аранжманот.

Песната, заедно со видеото ќе биде промовирана на каналот на Балкатон продукцијата со која Тајзи соработува веќе една година. Од Балкатон највуваат уште неколку проекти и соработка со нивниот ексклузивец кој моментално е најбараниот артист на Балканот- Раста.

Видеото за „Омилена“ е во режија на Илија Жоговски и е снимено на неколку прекрасни локации во Македонија и Грција. Нескромно момците кои работеа на спотот велат дека ова е еден од најдобрите проекти на Тајзи досега.


