Кумановецот Тајзи ја објави „Калимеро“ својата најнова нумера за која има и извонреден видео запис, но и силна порака.
Еден месец откако ја објави балканската верзија на „Бела чао“, Тајзи денеска на своите фанови им подари нова нумера и упати порака дека младите мора да ги насочиме на вистинскиот пат.
– Мораме да ја насочиме новата генерација на прав пат за да ги скине ланците на системот. Да го промени ова лицемерно општество и она што ние нема да успееме. Идејата ќе живее вечно, вели Тајзи.
„Пут до трона је преко трње до медаљона“ вели Тајзи во својата нова нумера, а вели дека неговите стихови се од Бога за народот.
– Моите стихови се од Бога за народот, не за вашите бивши љубови, патља, суета и его. Мојот копнеж кон слобода не ми дава да престанам. Имам мисија која морам да ја завршам. Ова не го правам за публицитет и кариера. Ова го правам за вас. Ве сакам од душа. Слобода за народот, слава на Бога, порача Тајзи.
Самиот е автор и на музиката и на текстот, а овој пат ја зема и улогата на сценарист и режисер на својот видео запис снимен во Старата скопска чаршија.
Во продолжение уживајте во „Калимеро“: