Тајван се придружи за санкциите кон Русија

Сподели со своите пријатели

Властите во Тајпеј денеска соопштија дека Тајван ќе им се придружи на „демократските земји“ кои воведуваат санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, без да прецизираат повеќе детали.

Кризата во Украина будно се следи во Тајван, кој Кина го смета за своја територија и кој во последните две години се соочува со зголемен воен притисок од Пекинг, пренесува Ројтерс.

„Силно го осудуваме таквиот чин на инвазија и ќе им се придружиме на демократските земји во заеднички воведување санкции кон Москва“, изјави премиерот Су Ченг-чанг за новинарите во Тајпеј, без да даде дополнителни детали.

Министерот за економија Ванг Меи-хуа изјави за новинарите дека Тајпеј „строго ќе го преиспита“ извозот во Русија и ќе ги „координира“ понатамошните активности со сојузниците.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека островот, кој е клучен во глобалниот синџир на снабдување со полупроводници, „ќе се координира тесно со Соединетите Држави и другите за да ја ослободи Украина од ужасите на војната со усвојување соодветни мерки“, наведува Ројтерс.

Премиерот Су, исто така, вети дека ќе ги брани суверенитетот и безбедноста на Тајпеј, велејќи дека некои „странски сили“ работат на поврзување на ситуацијата на Тајван со онаа на Украина, а владата нагласи дека островот и Украина се суштински различни во однос на нивната геостратешка и географска средина. меѓународни синџири на снабдување.